top of page

HPV | ХПВ - Хуман Папилома Вирус

Што е хуман папилома вирус, како се пренесува и какви промени може да предизвика.



Што претставува ХПВ вирусот?

Инфекција од хуман папиломавирусот ХПВ вирусот е најчестата сексуално пренослива инфекција. ХПВ е толку честа инфекција што скоро 80% од сите сексуално активни мажи и жени се заразуваат во одреден момент од нивниот живот. Постојат преку 100 типови на ХПВ вирус. Некои од нив се наречени ниско-ризични, а некои високо-ризични. Најчесто, нискоризичните типови можат да доведат до генитални брадавици - кондиломи, а високоризичните типови до преканцерозни лезии (ЦИН), но и карцином. Во повеќето случаи по инфекција со ХПВ, истата одминува спонтано и не предизвикува никакви здравствени проблеми. Но, кај некои луѓе, кои ќе се заразат со ХПВ, инфекцијата продолжува и резултира со брадавици или преканцерозни лезии (ЦИН промени). Преканцерозните лезии го зголемуваат ризикот од рак на грлото на матката, вулвата, вагината, пенисот, анусот, устата или грлото.


Како може да се заразите со ХПВ вирусот?

Можете да се заразите со ХПВ преку вагинален, орален или анален секс со лице кое има вирус, како и при допир кожа со кожа. Може да се заразите со повеќе од 1

ХПВ тип. Заразеното лице најчесто нема никакви знаци или симптоми. Секоја сексуално активена особа може да добие ХПВ, дури и ако има секс само со една личност, но ризикот се зголемува, ако имате незаштитени односи со повеќе партнери.

Фактори на ризик за перзистентна ХПВ инфекција се: рана возраст на првиот сексуален однос, повеќе партнери, пушење и слаба имунитер или општа состојба на организмот.


Дали мојот партнер ме изневерува?

Бидејќи кај најголемиот дел од инфицираните ХПВ нема никакви симптоми, не може да знаете дека сте инфицирани. Воколку се појават симптоми тоа би биле генитални брадавици или абнормален ПАП тест при рутинска контрола. Интервалот од инфекција со вирусот до појавување на генитални кондиломи или абнормален ПАП тест може да биде од неколку месеци, до повеќе години (некогаш и повеќе од 10), со што е невозможно да се утврди кога сте биле во контакт со вирусот и сте се заразиле.


Како се лекува ХПВ?

Не постои определен медицински третман со кој што ќе го елиминирате ХПВ. ХПВ преставува вирусна инфекција со која се справува вашиот имун систем. Најголемиот дел од ХПВ инфекциите природно се излекуваат од страна на вашиот имун систем во рок од 1 до 2 години. Од големо значење е да му помогнете на вашиот имун систем да се избори со вирусот. Постојат научно докажани сознанија за одредени антиоксиданси, витамини и минерали кои може да ги внесете преку исхраната и во вид на суплементи, а со тоа да го забрзата илекувањето на ХПВ инфекцијата. Колку подолго време перзистира вирусот, поголем е ризикот да се развие преканцерозна промена или карцином. Инфекцијата со ХПВ може да се превенира со вакцина.


Зајакнете го имунитетот!

Постојат научно докажани хранливи материи кои може да ги употребиме како оружје против ХПВ вирусот и промените до кои доведува.

Одредена исхрана која содржи голем опсег на материи кои се докажани во подобрување на имунитетот, кој е најважен за изборување со вирусната инфекција, но и подобрување на општото здравје:

Флавиноиди - материи кои се смета дека ја подобруваат анти канцерогената способност на имунитетот. Тие се наоѓаат во јаболките, аспарагусот, црниот грав, брокулите, зелката, брусницата, лукот, зелената салата, кромидот, сојата и спањакот.

Фолати (природна форма на Витамин Б9) - е откриено дека го намалуваат ризикот од рак на грлото на матката кај жените кои имаат ХПВ. Храната која е богата со фолна киселина вклучува авокадо, наут, леќа, сок од портокал и јагоди.

Каротеноиди (природни извори на Витамин А) - се наоѓаат во повеќето овошја, зеленчук, грав, а особено во портокалова храна како што се морков, сладок компир и тиква.

Поголеми дози на Витамин Ц е докажан поттикнувач на имунитетот. Природно се наоѓа во цитрусните овошја како портокал, киви, лимон, грејпфрут. Во зеленчукот е застапен во брокула, карфиол, пиперки.

Витамин Е - го има во растителните масла, јаткастите плодови, семките, овошјето и зеленчукот. Застапен е во сончоглед, кикирики, путер од кикирики, пченични никулци, цвекло, спањак, црвена пиперка, аспарагус, авокадо и тиква. Индол 3 карбинол - материја која се наоѓа во брокулите, карфиолот и зелката.

Важно!

Откажете се од цигарите - присуството од никотинот од цигарите се апсорбира во секретот на грлото на матката и е утврдено дека ја намалува способноста на имунитетот да се справи со вирусот.

Намалете го стресот - емоционалниот стрес предизвикува голем број непосакувани промени во вашето тело. Кога нивото на стресот расте, одредени хормони се зголемуваат и вашиот имун систем не функционира правилно, а со тоа не може да се справи со инфекциите како ХПВ ефективно. Промени во вашиот животен стил како јога, медитација и спорт ќе помогнат да се редуцираат негативните ефекти од стресот.

“Do you have a design in mind for your blog? Whether you prefer a trendy postcard look or you’re going for a more editorial style blog - there’s a stunning layout for everyone.”


62 views0 comments

Comments


bottom of page