top of page

Генитални инфекции

Кои се предизвикувачи на гениталните инфекции кај жената. Опширно за тоа како се детектираат, лекуваат и до какви последици можат да доведат.



Вагинална дисбиоза и нормална одбрана на вагината.


Во вагината постои комплексен екосистем. Поточно во вагината е важно присутвото на нормална флора или природна одбрана на вагината, која е претставена со присуство на добрите Lactobacillus бактерии. Овие добри бактерии ја одржуваат вагината здрава продуцирајќи млечна киселина, водород пероксид и други материи, кои инхибираат раст на несакани бактерии и габички. Покрај присуството на овие добри бактерии, во вагината има присуство на мала концентрација на габички и други условно патогени бактерии. Балансот помеѓу овие микроорганизми е најважен за да не се појавуваат вагинални инфекции. Овој баланс може да се наруши и тоа води до најразлични вагинални инфекции. Намалување на концентрацијата на нормалните бактерии може да биде воколку сте пиеле антибиотик, сте ја испирале вагината со антибактериски шампони, сапуни и средства за интимна нега. Тоа води до намалување на концентрацијата на добрите бактерии Lactobacillus, за сметка на зголемена концентрација на другите условно патогени бактерии во вагината. Токму затоа исклучително е важно обновувањето на природната одбрана на вагината. Давање на пробиотиците базирани на Lactobacillus, покажуваат голема улога во трерман не само на инфекциите, туку и улога во третманот на повеќе состојби како: инфертилитет, превенција на спонтани абортуси, предвремени породувања итн.

Во следниот пост повеќе за бактериска вагиноза, а понатаму за сексуално преносливите бактериски инфекции.


Бактериска вагиноза.


Тоа е состојба на пореметена рамнотежа или баланс помеѓу: добрите бактерии, односно нормалната флора и бактериите кои се присутни во вагината во многу мала концентрација со кои што нормално живееме во симбиоза. Значи, бактериската вагиноза е пореметен баланс на добрите и штетните бактерии кои се нормално присутни во вагината.

Штетните бактерии се најчесто претставени со Gardnerella, Prevotella и тие не претставуваат никаков проблем воколку се во мала концентрација. Добрите бактерии се бактерии од групата Lactobacillus. Овие добри бактерии ја одржуваат вагината здрава продуцирајќи млечна киселина, водород пероксид и други материи, кои инхибираат раст на несакани бактерии и габички. Намалување на концентрацијата на добрите бактерии води до качување на pH на вагината и создава средина благопријатна за лошите бактерии. Тоа води до иритација, зголемен секрет и мирис. Причини кои можат да доведат до пореметување на рамнотежата и природната одбрана на вагината се антибиотици, често измивање на вагината, јаки сапуни, средства за интимна хигиена, кои ја уништуваат нормалната бактериска флора или природна одбрана на вагината. Ако не ја лекувате бактериската вагиноза, ве прави по склони да се заразите на други сексуално преносливи инфекции. Во продолжение 5 природни начини да се ослободите од бактериската вагиноза.


  1. Хигиена – никогаш не ја мијте вагината внатрешно. Тампоните и влошките менувајте ги често, бидејќи менструалната крв го покачува pH нивото во вагината што е благопријатна средина за развој на бактерии. Бришете се од напред кон позади по користење на тоалетот, за да спречите бактерии од аналниот предел да ја колонизираат вагината.

  2. Јогурт или кефир – колку чудно и да звучи, јогуртот помага во лекувањето на вагинозата. Бидејќи вагинозата е последица на дисбиоза или пореметен баланс на вагиналната флора, а тој е пробиотик, што значи со негово внесување, внесувате добри бактерии во организмот. Поголема концентрација на добрите бактерии, ќе ги отстрани несаканите симптоми. Што значи инвестирајте во јогурт :)

  3. Долна облека – ова веќе го знаете. Но, потсетување: менувајте ја секојдневно и таа треба да биде од природни материјали како памук или свила.

  4. Капсули со лук – лукот има силно антибактериско дејство. Во една студија се споредени ефектите на таблети со лук и таблетарна антибиотска терапија metronidazole (најчесто користениот антибиотик за бактериска вагиноза). Резултатите покажале споредливи ефекти на таблетите со лук и антибиотикот.

  5. Внесување на пробиотски препарати. Покрај тоа што ќе му помогнете на вашиот дигестивен систем, ќе и помогнете и на одбраната на вашата вагина. Дополнително, ако имате здрав вагинален микробиом, тоа ќе помагне и да се намали конценрацијата на бактеријата која често предизвикува уринарни инфекции, односно Escherichia coli.

6. Дефицит на фолати и витамин Д е докажано поврзано со склоност кон бактериска вагиноза. Препорачливо е овие материи да ги внесете во природна форма, односно преку исхрана која вклучува брокули, спањак, авокадо. Покрај тоа, друга исхрана која може да помогне во превенција и лекување на бактериска вагиноза е: сок од бруцница, циртусни овошја (лимон, грејпфрут), аспарагус, лук, банани, овес и кромид.


7. Кокосовото масло – има антивирусни, антигабични и антибактериски својства. Истото се користи два пати дневно локално, до исчезнување на симптомите.



65 views0 comments

Recent Posts

See All

HPV | ХПВ - Хуман Папилома Вирус

Што е хуман папилома вирус, како се пренесува и какви промени може да предизвика. Што претставува ХПВ вирусот? Инфекција од хуман...

Comments


bottom of page