top of page

CIN1 | CIN2 | CIN3 | Преканцерозни промени

Дознајте за преканцерозните ЦИН промени на грлото на матката и нивниот третман.




Голем број од жените се среќаваат со дијагнозата ЦИН (CIN) и се прашуваат што таа означува и што претставуваат различните степени (CIN1, CIN2, CIN3), каква врска има со ХПВ (хуман папилома вирусот), но и со карциномот на грлото на матката. Токму поради тоа во оваа статија ќе ги разрешиме сите дилеми, прашања, но и стравови поврзани со оваа тема.


  • Што е ЦИН | CIN?

ЦИН е скратеница за цервикална интраепителијална неоплазија. Тоа означува присутност на абнормално (диспластично) променети клетки на грлото на матката. Според степенот на тие промени, односно зафатеноста на дебелината на слузницата на грлото на матката ЦИН промените се поделени во 3 степени:

ЦИН 1 - атипичните клетки зафаќаат една третина од дебелината на слузницата.

ЦИН 2 - атипичните клетки зафаќаат до една половина од дебелината на слузницата.

ЦИН 3 - атипичните клетки зафаќаат две третини од дебелината на слузницата.

Важно е да напоменеме дека, овие промени не претставуваат карцином, туку претставуваат диспластични промени кои можат да претходат на развој на карцином на грлото на матката.

  • Која е причината за развој на ЦИН?

Како што веројатно ви е познато, ЦИН промените се последица на хуман папилома вирусот е ХПВ. Постојат преку 100 различни типови на ХПВ вирусот, некои од нив се нискоризични, а некои се високо ризични. Нискоризичните типови можат да доведат до кондиломи (генитални брадавици) или промени од лесен степен (ЦИН1), додека високоризичните типови (како на пример (16, 18, 31, 33 и други) можат да доведат до поголеми степени на промени ЦИН2, ЦИН3, карцином на грлото на матката, но и на други продрачја на гениталната регија.

Инфекцијата со ХПВ е многу честа, односно се смета дека скоро сите сексуално активни луѓе ќе дојдат во контакт со него некогаш во својот живот.

Со ХПВ може да се заразат сите сексуално активни луѓе, но поголем ризик имаат особи кои имаат незаштитени сексуални односи со поголем број на партнери и кои се со послаб имунитет.

Дури и да дојде до инфекција со ХПВ, вашиот имунолошки систем сам ќе го препознае вирусот и со своето делување ќе спречи понатамошен развој на инфекција. Меѓутоа во некои случаи настанува хронична перзистентна инфекција, која доведува до абнормални промени на клетките на грлото на матката, а така настануваат ЦИН промените од различен степен. Дали кај некоја особа ќе се појават овие промени зависи од општата состојба на организмот (имунитетот), типот на инфекција (ниско ризичен вирус или инфекција со повеќе високо ризични вируси), а исто така и присутност на други сексуално преносливи болести.

  • Како се дијагностицираат ЦИН промените?

Најдобар начин за откривање на преканцерозните промени на грлото на матката се редовни ПАП тестови. Важно е да се нагласи редовни, бидејќи диспластичните промени настануваат за подолг период (неколку години) и затоа е важно барем еднаш годишно да се оди на гинеколошки преглед и ПАП тест.


Што покажува ПАП тестот?

Нормалниот резултат ќе биде означен како NILM или бенигни клеточни промени.

Диспластичните промени можат да бидат од лесен степен и тие тогаш ќе бидат означени како CIN1 или LSIL.

Можно е присуство на диспластични промени од поголем степен, во тој случај на ПАП тестот ќе биде означено HSIL или CIN2 - диспластични промени од среден или CIN3 - диспластични промени од тежок степен.

Воколку со ПАП тестот се утврдат диспластични промени од поголем степен (HSIL) како што се ЦИН2 или ЦИН3, тогаш гинекологот треба да изврши биопсија и ендоцервикална киретажа. ПАП тестот е скриниг метода, односно не е дефинитивна дијагноза (точноста на ПАП тестот е околу 70-80%), што значи за сигурна дефинитивна дијагноза, при постоење на поголем степен на промени, треба да се направи биопсија (да се земат мали парченца на грлото на матката од сомнителните зони), како и ендоцервикална киретажа, со која ќе се добие материјал од внатрешноста на каналот на грлото на матката. Гинекологот, може да ве упати и на тестирање односно типизација за ХПВ. Со тоа испитување ќе се утврди дали постои присутност и точно за кој тип на вирус се работи (ниско или високоризичен). Присуство на високоризичен ХПВ значи и зголемен ризик за развој на преканцерозни промени на грлото на матката (ЦИН), но не значи дека ако има присуство на високоризичен тип на ХПВ ќе ги развиете овие промени. Како што напоменав порано општата состојба на организмот, имунитетот и присуството на други сексуално преносливи инфекции ќе ја одлучат судбината на понатамошниот развој на инфекцијата.

Метода за испитување е и колпоскопијата, тоа е визуелна метода при која со посебен инструмент (сличен на микроскоп), под зголемување се визуелизира грлото на матката. Со премачкување со одредени раствори, можат да се утврдат одредени сомнителни промени. Со самото визуелизирање со колпоскопот не може да се постави дијагноза, но ако гинекологот визуелизира одредени сомнителни зони, може да направи биопсија на грлото на матката. Како што напоменавме и претходно, само со биопсијата дефинитивно може да се потврди дијагнозата.



Како изгледа нормален ПАП тест?


Како изгледа ПАП со клеточни абнормалности:



Create Relevant Content


Writing a blog is a great way to position yourself as an authority in your field and captivate your readers’ attention. Do you want to improve your site’s SEO ranking? Consider topics that focus on relevant keywords and relate back to your website or business. You can also add hashtags (#vacation #dream #summer) throughout your posts to reach more people, and help visitors search for relevant content.


Blogging gives your site a voice, so let your business’ personality shine through. Choose a great image to feature in your post or add a video for extra engagement. Are you ready to get started? Simply create a new post now.

101 views0 comments

Recent Posts

See All

HPV | ХПВ - Хуман Папилома Вирус

Што е хуман папилома вирус, како се пренесува и какви промени може да предизвика. Што претставува ХПВ вирусот? Инфекција од хуман...

Comments


bottom of page