top of page

Ин Витро процедура. Видови на стимулации кои се користат! Како се аплицираат и спремаат лековите?

М-Р Д-Р АЛЕКСАНДАР БОЈАЏИЕВ

Детално објаснување на процесот на ИВФ постапките, различните типови на стимулации во процесот, а исто така и припремата и апликацијата на лековите кои се користат во ИВФ постапките.


БРЗИ ЛИНКОВИ

ШТО ПРЕТСТАВУВА И КАКО СЕ ОДВИВА ПОСТАПКАТА НА ИВФ - ВОНТЕЛЕСНО ОПЛОДУВАЊЕ


НЕОПХОДНИ ИСПИТУВАЊА ПРЕД ПОЧЕТОК НА ПОСТАПКАТА НА ИВФ


ТИПОВИ НА СТИМУЛАЦИЈА ВО ПРОЦЕСОТ НА ИВФ И НИВНАТА УСПЕШНОСТ


НАЈЧЕСТО КОРИСТЕНИ ЛЕКОВИ ЗА СТИМУЛАЦИЈА, КАКО СЕ ПРИПРЕМААТ И КАКО СЕ УПОТРЕБУВААТ


КАДЕ ДА СЕ ИНЈЕКТИРААТ ЛЕКОВИТЕ ЗА МАКСИМАЛНА ИВФ УСПЕШНОСТ


ТРАНСФЕР НА ЗАМРЗНАТ ИЛИ СВЕЖ ЕМБРИОН?


КАКО ДО УСПЕШНО ИВФ ОД ПРВА?


ШТО ПО НЕУСПЕШНО ИВФ? КАКО ДА СЕ ЗГОЛЕМИ РЕЦЕПТИВНОСТА - ПРИЕМЧИВОСТА ЗА БРЕМЕНОСТ НА ЕНДОМЕТРИУМОТ!


ПРИЧИНИ ЗА НЕПЛОДНОСТ И НЕОПХОДНИ ИСПИТУВАЊА ЗА ДА СЕ УТВРДИ ПРИЧИНАТА?



Што претставува и како се одвива постапката на ИВФ - вонтелесно оплодување?


Каде да се инјектираат лековите за максимална ИВФ успешност?

Најчесто користени лекови за стимулација:

GONAL

FOSTIMON

MENOPUR

MERIOFERT

Лекови кои се користат за спречување предвремено созревање и ослободување на јајце клетката (овулација) од јајникот:


КАДЕ ДА СЕ ИНЈЕКТИРААТ ЛЕКОВИТЕ ЗА МАКСИМАЛНА ИВФ УСПЕШНОСТ?




GONAL

Што претставува и за што се користи?


Како се припрема и аплицира лекот?

GONAL f 75 IE

Објаснување на 1 ампула гонал: Стаклениот шприц со течноста и иглата се вбризгува шишенцето (флаконот) со прашок и прашакот се раствора. По1 тоа растворениот прашок се извлекува назад во стаклениот шприц. Потоа се боцкате поткожно или мускулно.


GONAL f 150 IE

Објаснување на 2 ампули гонал: Стаклениот шприц со течноста и иглата се вбризгува шишенцето (флаконот) со прашок и прашакот се раствора. Потоа растворениот прашок се извлекува назад во стаклениот шприц. Потоа со истиот шприц вбризгувате во второто шишенце со прашок. Растворениот прашок го повлекувате назад во шприцот. Потоа се боцкате мускулно.


GONAL f 225 IE

Објаснување на 3 ампули гонал: Стаклениот шприц со течноста и иглата се вбризгува шишенцето (флаконот) со прашок и прашакот се раствора. Потоа растворениот прашок се извлекува назад во стаклениот шприц. Потоа со истиот шприц вбризгувате во второто шишенце со прашок. Растворениот прашок останува во шишенцето со прашокот – не го враќате назад во шприцот. Потоа земате втор шприц со течност и го вбризгувате во третото шишенце со прашок. Потоа земате поголем шприц од 2 или 5 кубика и ги извлекувате двата растворени флакони. Потоа се боцкате мускулно.


Како да се припреми шприцот и како да се боцнете може да видите во следното видео:


FOSTIMON

Што претставува и за што се користи?


Како се припрема и аплицира лекот?

FOSTIMON 75 IE

Објаснување за 1 ампула Фостимон: Во пакувањето има 1 ампула физиолошки раствор и едно шишенце со прашок. Земате еден шприц од 2 кубика, ја извлекувате течноста од ампулата и ја бризгуввате во шишенцето со прашокот. Откако ќе се раствори растворениот прашок се извлекува назад во шприцот. Потоа се боцкате поткожно или мускулно.

FOSTIMON 150 IE

Објаснување за 2 ампули Фостимон: Се навлекува физиолошки раствор од ампулата во шприц од 2 кубика и се вбризгува во првото шишенце со прашок. Откако ќе се раствори, се извлекува назад во шприцот. Потоа истата течност се вбризгува во второто шишенце со прашок и така растворено пак се враќа назад во шприцот. Може да се аплицира и поткожно и мускулно.


FOSTIMON 225 IE

Објаснување за 3 ампули Фостимон: Се навлекува физиолошки раствор од ампулата во шприц од 5 кубика и се вбризгува во првото шишенце со прашок и останува таму. Потоа се зема втора ампула со физиолошки раствор и истата се повлекува во шприцот. Со шприцот течноста се вбризгува во второто шишенце со прашок и така растворено пак се враќа назад во шприцот. Потоа со истиот шприц растворот се вбризгува во третото шишенце со прашак и откако ќе се раствори се повлекува назад во шприцот. На крајот го извлекуваме со истиот шприц првото растворено шишенце со прашок. Се аплицира исклучиво мускулно.


Како да се припреми шприцот и како да се боцнете може да видите во следното видео:



CETROTIDE 0,25mg

Што претставува и за што се користи?


Како се припрема и аплицира лекот?

Го земате шприцот со течноста, ја монтирате/местите големата игла (жолта) на него и ја вбризгувате течноста во шишенцето со прашокот. Нежно промешувате додека се раствори прашокот и ја извлекувате содржината од шишенцето назад во шприцот. Ја вадите големата игла и ја ставате малата игла (сивата). Потоа се боцкате поткожно во предел на кожа или раката.


Како да се припреми шприцот и како да се боцнете може да видите во следното видео:





124 views0 comments

コメント


bottom of page